Откако во медиумите почнаа да се шират информации за разводот на Кети Пери и Расел Бранд, сите се запрашаа кои се можните причини и проблеми кои овој млад брачен пар не може да ги надмине.
Проблемите започнале уште пред свадбата. Тогаш Расел не сакал да потпише предбрачен договор, па сега би можел да профитира од разводот. Родителите на Кети никогаш не биле задоволни од изборот на својата ќерка.
Освен тоа, Расел бил незаситен во кревет и доста перверзен, а сето тоа на Кети и дошло преку глава.
– Кети на почетокот на врската беше прилично перверзна, а тоа на Расел му се допаѓаше. Но колку и да се трудеше таа, не можеше да држи чекор со Расел, кој сака валкани работи и никогаш не му е доста, – изјавил близок извор.
– Освен тоа, Расел не можеше да биде сам. Кога Кети беше на турнеја, тој бараше утеха во други жени. Тој никогаш во целост не ја подржуваше кариерата на жена си.
