Џесика Алба е одлична во многу работи кои ги прави, но не и во паркирањето. 30-годишната актерка направила мала штета додека се обидувала да се паркира пред нејзината канцеларија во Санта Моника, Калифорнија.
Си го изгребала сребреното Ауди удирајќи друго паркирано возило. Колку била задоволна од своето паркирање можете да забележите од изразот на нејзиното лице.

Инаку, од неодамна се прошири и гласот дека Џесика Алба е идол на Џесика Симпсон и дека таа посакува да може да биде совршена како Алба.

