Овој пат Ве носиме на едно поинакво патување. Овој парк се вика Miniwelt Lichtenstein и со право може да се нарече „Земјата на Лилипутанците“. Се наоѓа во градот Lichtenstein во областа Саксонија, Германија и е полн со минијатурни изданија на значителни места, згради и објекти од целиот свет со неверојатни детали. На кратко, го имате светот на дланка…









































