Откриени се три слики од модната куќа Диор на кои може да се види „Црниот лебед“ како ја рекламира најновата колекција пролет/лето 2012 на рачни чанти.
Мила Кунис е официјалното заштитно лице на чантите на Диор. Од модната куќа се одлучиле во јавност да ги изнесат овие три слики за да ја поттикнат љубопиноста кај потенцијалните купувачи.
– Мила е еден од најмладите и најжешки таленти во Холивуд, а нејзините улоги се повеќекратно признавани и наградувани. Модерна жена се многу енергија, совршена елеганција која е вистинскиот дух на нашата модна куќа, – е изјавата на француската марка Диор.
– Многу сум возбудена што работам со Диор. Брендот е величествен на многу начини. Дефинира мода, елеганција и софистицираност, – се зборовите на Кунис.


