ШоуБиз

Каков дијамант си доби Дру Баримор за свршувачката?

Дознавме сите дека Дру Баримор на 36 години реши по трет пат да заплива во брачните води. А, дали слушнавте за некои детаљи околу свршувачката и идниот сопруг? Епа, вака:

Свршеникот Вил Копелман е уметнички консултант, па не е ни изненадување што новиот венчален прстен на актерката е вистинско уметничко дело. На прстенот има безбоен блескав дијамант со 4 карати  и е прицврстен на дијамантска алка. Прстенот е дизајниран по желба на Вил во „Граф Дијаманти“.

Двајцата се заедно од февруари, минатата година, а се свршиле во Сончевата долина во Ајдахо за време на празниците. Да се надеваме дека овој брак ќе потрае малку подолго од 5 месеци за Баримор!

Write A Comment