ШоуБиз

Сите се верат за празниците, а пливачот Мајкл Фелпс раскинува :/

Олимпискиот шампион во пливање Мајкл Фелпс (26) се разделил со својата долгогодишна девојка токму пред празниците. Шампионот ја пречекал Новата година во Њујорк со своите пријатели, додека пак, поранешната Мис на Калифорнија, Никол Џонсон (26) била во Калифорнија. Мајкл е сликан како слави со шест другар и  исто толку другарки на улиците на Големото јаболко.

Според „New York Post“ пливачот на своите пријатели им кажувал дека е сингл. Никол на својата Твитер страница ставила слика со некој пријател токму на 31-ви Декември. Ниту Мајкл не ја спомнал Никол во своите Твитер постови за празниците.

Двојката била заедно неколку години, со помали паузи, но изгледа дека ова е конечна одлука.

Write A Comment