Кој дел од своето тело не го сакаат двајца од најпосакуваните фраери на планетава и дали би сакале да се реинкарнираат…
Сите знаеме дека Џорџ Клуни е талентиран актер и режисер, за што сведочи и фактот дека четири пати бил номиниран за Оскар, а освоил еден за споредна улога.
Јасно ни е и дека Клуни може да ја има која ѝ да ја посака и дека никогаш не планира да се ожени, но еве неколку факти кои не сте ги знаеле за него. Што се однесува на надворешниот изглед, Клуни би го променил ставот на држење, бидејќи смета дека е „малку грбав“. Како позитивна страна го наведува трпението, а како своја најголема маана, тоа што не знае да свири на ниеден музички инструмент. Доколку би се реинкарнирал, би сакал да се врати како куче.
Даниел Крег открива дека најнесигурен е за изгледот на своите колена и додава дека би сакал прстите на нозете да му се како тие на рацете, па да може да ги користи нозете како раце во секојдневните активности.
