Девојките пред се се дотеруваат за самите себе, но неспорно е дека со тоа сакаат да бидат и привлечни за спротивниот пол. Проверите кој makeup момците го обожаваат.
Ако се спремате за состанок следните совети ќе ви бидат од голема корист. Прочитајте кои makeup стилови ги привлекуваат мажите и тогаш одберете ја најдобрата според вашите атрибути.
Долги трепки – Користете висококвалитетни маскари за да го зголемите волуменот и должината на вашите трепки. Момците обожаваат природен изглед, наместо да нанесувате многу шминка или претерувате со количината на сенката, едноставно истакнете ги трепките тоа ќе биде доволно.
Задимен поглед – За вечерните излегувања особено во дискотеките и клубовите каде има слабо светло на девојките им се препорачува „задимен поглед“ . Дефинирајте го обликот на очите со префинет алајнер, нанесете сенка и заокружете го изгледот со маскара.
Природни усни – Наместо јаки и темни нијанси изберете беж тонови, затоа што вашите усни ќе изгледаат поприродно.
Розово руменило – Секогаш можете да се потпрете ефектот на розово руменило. Истакнете ги образите, тоа е идеалниот начин да ги истакнете убавите црти на вашето лице.
