Деновите на широките труднечки фустани и рамните чевли се веќе одамна минато. Овој факт секојдневно се потврдува, а деновите тоа упорно го тврдат Бијонсе и Џесика Симпсон.
Џеси (31) се појави во Лос Анџелес, со вртоглаво високи потпетици и тесен фустан со животински принт, со совршени кадрици и во тон. А, кај да е треба да се породи! Сепак, Cимпсон не се дава и, иако верувам дека едвај издржува на нозе, таа си останува доследна на својот стил.
Не е тајна дека високите потпетици во доцните фази на бременоста можат да предизвикаат сериозни оштетувања и повреди на грбот и ‘рбетот. А, сигурно Симпсон уште од сега размислува за диетата откако ќе се породи; како не, кога си кажа дамата дека Џесика Алба ѝ е идол.

