Не е лага дека има 53 години, но нема сомнеж дека Шерон Стоун изгледа подобро од многу девојки кои имаат само половина од нејзините години. И по сè изгледа, таа си одбрала млад партнер кој ќе одговара со нејзината младешка фигура. Со овој, засега мистериозен дечко, Шерон била видена како се шета во Калифорнија.

Шерон доста се потрудила за овој состанок, а дечкото и не обрнал некое внимание на својот изглед. За време на целата прошетка, тазе љубовниците не биле видени да се држат за раце, но на крај, дечкото како вистински џентлмен ѝ ја отворил на Стоун вратата од нејзиниот автомобил. И тоа фаќајки ја за колковите.
Инаку, Шерон има два брака позади себе и една раскината свршувачка. Има и три синови, сите посвоени.

