Кога се венчаа минатата година ги изненадија сите свои фанови. Но изгледа дека романсата на Даниел Крег и Рејчел Веиш станува сè појавна овие денови. Двојката изгледала прекрасно кога се појавиле на црвениот тепих на премиерата на филмот „Девојката со тетоважа на змеј“, во Мадрид, Шпанија.
Даниел изгледа софистицирано, иако се гледа дека очигледно остарел. За сметка на неговата сива коса, за 41-годишната Рејчел се чини годините застанале и престанале да ѝ се бројат.
Досега, двојката се чуваше подалеку од очите на јавноста и двајцата избегнуваа да зборуваат на тема приватност во своите интервјуа. Изгледа, решиле дека е време да им ги затворат устите на репортерите дека нешто не е во ред меѓу нив. Инаку, нивната свадба беше во јуни, минатата година.

