По една недела шушкање и лажни тревоги, сестрата на Бијонсе им потврдила на американските медиуми дека прекрасната пејачка во саботата, односно вчера, родила ќерка на која ѝ го дала името Иви Блу Картер. Бијонсе се пријавила во болницата „Lenox Hill“ во Њујорк џаедно со сопругот Џеј Зи и по неколку саати се породила.
Освен сестрата на Бијонсе, потврда дека Бијонсе навистина се породила се и честитките на Твитер. Пејачката Ријана напишала:
– Добредојде на свет принцезо Картер! Те сака тетка Ри.
Расел Самонс, пак, напишал:
– Им честитам на моите драги пријатели Бијонсе и Џеј Зи.
