Чевлите заземаат почесно место во плакарот на секоја жена, а често се купувани поради нивниот изглед без да се размислува за нивната удобност при носењето.Сеедно дали обожувате чевли со високи потпетици или ниски, веројатно носите некои од нив кои се лоши и неудобни за вашите стапала.
Ви презентираме пет најнеудобни чевли за вашите стапала
Јапанки
Удобни чевла со рамно подножје, омилена на секоја жена, а многу од нив секојдневно ги носат в лето. Тие се идеални за на плажа или за на базен, а не за секојдневно одење во град. Тие не се наменети за друг вид пешачење.

Можни повреди од нив можат да бидат изгребени стапала, исекотини, исчашен глужд, скршени прсти, истегнати лигаменти, како и хронични проблеми поради недостиг од потпора, како што се воспаление на тетивите, Подобро би било да носете рамни сандали.
Високи потпeтици
Стапалата страдаат кога се наоѓаат во чевли со високи потпетици. Всушност, Ахиловата тетива се скратува кога стапалото е на висока потпетица. Ако поминувате многу време на такви чевли, тетивата може хронично да се скрати и можно е воспаление. Високите потпетици прават и преголем притисок на табаните што може да доведе до непријатен синдром на метатарзалгија.

Болките во стапалата се одразуваат на целото тело – колената, грбот и колковите.
Во колку обожувате чевли со многу високи потпетици, одберете тие да имаат заоблен врв и доволно место за прстите и, носете ги само за посебни поводи.
Чевли со шпиц
Во комбинација со многу висока потпетица, чевлите со шпиц можат да предизвикаат многу повреди. Синдромот на метатарзалгија се карактеризира со силна болка во стапалата поради кое е отежнато и движењето.

Решение е чевли со заоблен врв.
Балеринки
За разлика од чевлите со високи потпетици, во балеринките стиоте цврсто на земја, а прстите имаат доволно простор. Меѓутоа, на овие чевли им недостига потпора. Како и јапанките, и балеринките не се препорачуваат за секојдневно носење.

Ако ви се допаѓаат балеринките, одберете слични чевли кои имаат рамна пета и потпора. Балеринките кои можете да ги свиткате и да ги ставете во чанта не му пружат доволна потпора на стапалото и нив не би требало да ги носете.
Чизми над колена
Носењето чизми над колена може да го потисне нервот кој се наоѓа на горниот дел на ножниот мускул, под коленото, посебно ако се претесни. Ако сакате да носете такви чизми, купете такви кои имаат патент, така да можете да го откопчате кога седете подолго време.

