Art & Crafts

Домашна паста за заби

Верувале или не, оваа паста ја препорачуваат стоматолозите како најсигурно и најприродно средство за чистење на вашите заби. Пастите кои ги купувате во аптеките и продавниците најчесто се повеќе штетни отколку што помагаат. Малкумина знаат дека пастата за заби е еден од најголемите причинители на алергии, и малкумина знаат дека се алергични на некои од состојките во пастите за заби.  Затоа ние ви предлагаме да направите едноставна домашна паста за заби.

Правењето на домашната паста е лесно во споредба со тоа што ќе го добиете како ефект. Потребни ви се само 4 состојки:

Сода бикарбона ( добро чисти, благо абразивна )

Кокосово масло ( ги убива микробите и бактериите, помага при воспалени непца )

Екстракт од пеперминт ( дава вкус и свежина )

Ксилитол ( природен засладувач кој го спречава кариесот и го чисти наталожениот каменец на забите )

Искомбинирајте ги состојките се додека не добиете густа паста. Чувајте ја во затворен сад ( мала тегла) на собна температура.

Верувајте ќе бидете изненадени од ефектот.

Write A Comment