Анџелина Џоли е дефинитивно позната по нејзините „Вог“ насловни страна последнава деценија. За прв пат се појавила на насловната на ова престижно списание во април, 2002 година, и сега после речиси цела деценија, на насловната за месец декември, 2011 година, таа изгледа дури позаводливо и посекси од тогаш.
Погледнете ја нејзината еволуција и трансформација низ годините, како една ѕвезда од нејзин калибар, од обична лоша девојка се претвора во вистинска сирена.
Ова е насловната од 2002 година и неколку слики од истиот едиторијал.



Следно што ќе погледнете е Анџелина Џоли на насловната на „Вог“ во 2004 година.



Фотосесијата од 2007 година, за насловната на „Вог“ ја направила Ани Либовиц, а Џоли веќе почнува да се претвора во софистицирана убавица. Погледнете:



И за крај, како цреша на шлагот, сликите од последната фотосесија на Џоли за „Вог“, декември, 2011 година.



Верувам дека секој коментар е излишен, нели?
