Мојата кујна

Чизбургер салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама мелено месо ( по избор )

2 лажички сенф

200 грама кашкавал

2 супени лажици кечап

2 лажички зачин за скара

4 големи кисели краставички

1/2 главица кромид

1 средна марула

2 средни домати

2 лепини

Масло за јадење

ПОДГОТОВКА:

Во тава ставете масло за јадење да се загрее,  ставете го меленото месо да се пржи, ставете ги сенфот, кечапот и зачинот за скара.

Додека се пржи месото лепините исечете ги на мали коцки, истото сторете го со краставичките и доматите. Марулата исечете ја на парчиња, кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето а кромидот на кругови.

Тргнете го испрженото месо од оган и ставете го во друг сад. Во тавата во која го пржевте месото додадете малку путер и испржете ги исечканите коцки од лепините, пржете додека коцките не добијат румена боја.

Исечканите состојки измешајте ги заедно со прженето месо и коцките леб.

Уживајте !!!

Write A Comment