Убавина

Шминка во боја на мандарина

Пролетните трендови со себе ја носат целата свежина. Стилистите едногласно кажаа ДА на портокаловата шминка. Па затоа спремете ја вашата колекција на шминки за оваа пролет во боја на мандарина.

Сенките за очи нека бидат јаки. Искомбинирајте ги со понежни тонови на кремасто, жолтеникави тонови.

Руменилото нека биде портокалово. Тоа ќе ве освежии ќе го врати сјајот на вашето лице по зимското сивило и едноличност.

Карминот исто така се препорачува да биде портокалов. Може да одберете од широката палета на портокалови нијанси кои се движат од розово портокалови па се до интензивно портокалови бои.

Во склад со шминката и градеробата е во тие бои. Дочекајте ја пролетта подготвени со позитивни бои.

Write A Comment