ШоуБиз

Џеј Ло: Благословена сум!

Можеби поминува низ тежок период по разводот со Марк Ентони, но со доаѓањето на новата 2012 година, Џенифер Лопез е решена кои ќе бидат нејзините приоритети од сега па натаму.

Завчера, 42-годишната пејачка се прошетала во јавност со тренерки на кои пишувало „Јас сум благословена“, а била во друштво на 3-годишните близнаци Макс и Ема во Калифонија. Лопез одамна не е видена во вакво спортско издание, но тоа не ѝ пречело на малата принцеза цврсто да ја гушка мајка си цело време.

Сепак, браво за Лопез која секогаш наоѓа време да им се посвети на своите близнаци и покрај многубројните обврски, меѓу кои и ангажманот во „Американски идол“. Очигледно децата ги смета за свој најголем благослов.

Со Марк Ентони беа во брак цели 7 години, а разводот го објавија во јули, минатата година.

Write A Comment