ШоуБиз

За Натали Портман нема зима :)

Го роди првото бебе пред само седум месеци. Но, Натали Портман е дефинитивно од оние ѕвезди кои знаат како веднаш да се вратат во форма. Завчера, 30-годишната Оскаровка го покажа своите тенки нозе во комбинација со фустан со цветен дезен, додека се шетала низ Холивуд.

Претходниот ден, била исто така забележана на еден пазар во Лос Анџелес заедно со својот свршеник, францускиот танчер Бенџамин Милпјед и синчето Алеф.

Актерката моментално е спремна да почне со наредниот филсмки предизвик. Размислува за научно фантастичниот филм „Jupiter Ascending“ како прв проект по породувањето, а треба да почне да снима на есен. Натали треба да сними и документарец за веганизам.

Write A Comment