Убавина

Сакам густа, долга и убава коса!

Современите жени мечтаат за ваква коса, но тоа ретко е така. Причината е најмногу во тоа, што косата е показател на нашето внатрешно здравје. Густата и здрава коса е знак за тоа дека немате апсолутно никакви проблеми со здравјето. Една од основните причини за бавниот растеж на косата е невозможноста на организмот да и осигури на кожата хранливи материи неопходни за нормален растеж.

Ова се регулира со помошта на различни додатоци и суплементи, витамински комплекси кои преку крвта се распространуваат низ целиот организам. За растежот на косата се неопходни калциум, калиум, магнезиум, железо, магнезиум, јод, бакар, цинк, селен и хром. Честите маски со различните видови растителни масла исто помагаат на косата да расте. Маслото се упива во кожата на главата и ги обновува фоликулите на влакното.

Стресот исто игра важна улога во забавувањето на процесот на растење. Колку почесто се наоѓате во стресови ситуации, толку поскоро и ќе ви расне косата.

Write A Comment