Срцето на убавата актерка Деми Мур овој пат го освоил Блејк Корл Бајети кој е двојно помлад од неа.
Списанието „Пипл“ пренесува дека Деми (49) по разводот со Ештон Качер пронашла љубов и внимание во младиот манекен Корл Бајети (26). Парот е сликан како заедно се шета низ Лос Анџелес, а малку подоцна Блејк е снимен како џентлменски ја носи Мур до дома.
Младиот манекен не е многу познат во светот на модата, но доколку навистина успее да се сплетка со Деми Мур, тогаш нема сомнеж дека успехот му е загарантиран. Веднаш ќе стане баран од светски познатите модни брендови, па Деми ќе може задоволно да го следи на модните писти.
