ШоуБиз

Како се родил ликот на Мистер Бин?

Иако ја играше улогата на несмасниот Мистер Бин, актерот Роуан Аткинсон воопшто не е неспособен. Познатиот комичар има диплома од областа на електро инженерството, а сега открива и кога го измислил својот светски познат лик.

Аткинсон го измислил Мистер Бин додека студирал на Оксфорд во 1975 година. Тогаш се занимавал со актерството само како хоби. Настапувајќи по разни клубови, тој добил идеја да имитира „дете во тело на одраснат човек“, на кој подоцна му го дал името Мистер Бин.

По завршувањето на студиите, Аткинсон сфатил дека со својот главен лик може да заработи повеќе пари отколку како инженер, па со години го отелотворувал ликот на овој весел и безгрижен човек. Паметен избор!

Write A Comment