Мојата кујна

Пица шпагети

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 грама шпагети

150 грама шунка

300 грама кулен

250 грама сирење

2   пиперки

1  домат

200 милилитри млеко

30 грама брашно

2   Јајца

Оригано

ПОДГОТОВКА:

Шпагетите се варат во посолена вода со масло. Варете кратко време за да шпагетите бидат потврди. Три минути пред крај во водата додадете ја исечкана пиперката . Исцедете ги, па ставете ги во огноотпорен сад, кој е премачкан со масло.

Одозгора  наредете ја исечената шунка  Млекото, изматените јајцата, брашното ставете ги врз шпагетите и шунката.

На накрај наредете ги доматите исечени на кругови изрендајте со сирење, наредете го куленот исечен на тенки кругови посипете со оригано

Печете ги половина час на 180 степени.

Уживајте!!!

Write A Comment