Следниот развој од Јужна Кореја ќе биде спортски седан од KIA со погон на задните тркала и таа треба да изгледа нешто како ова. Фразата “купе со четири врати” и стилската тема, сигурно ги води дизајнерите кон некои од најпривлечните форми на патот.

Моторот е турбо верзија на 3.3-литарски V6 со директно инјектирање. Тој е врзан за нов осум-брзински автоматски менувач, како кај моделите Genesis и Equus и обезбедува 390 КС и 394 lb-ft вртежен момент на задните тркала. Моторот е како смалена замена за корејскиот 4,6-литарски V8 мотор. Кога GT-или нешто слично на тоа би одело во производство, моќта на основниот модел би била турбо-четири цилиндричен мотор или природно аспириран V6 најверојатно.



