Колумбиските и шпанските медиуми се распишаа за тоа дека пејачката Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерард Пике планираат да се венчаат. Колумбиската пејачка и 10 години помладиот фудбалер врската официјално ја потврдија минатата година, но за нивната врска се шпекулираше уште од фудбалското првенство во Јужна Африка во 2010 година.
Венчавката, наводно треба да биде ова лето, по завршувањето на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина. Пике и тимот на Шпанија ќе се обидат да си ја одбранат титулата од пред четири години.
Пике ја запросил Шакира за време на еден романтичен одмор во Мајами, но официјална потврда за запросувањето и венчавката сеуште нема.
