Маската за лице е една од најважните процедури во козметологијата. Може да ја купите се разбира, но најефикасна и полезна е ако сами си ја приготвите. И така, ајде сега да видиме кои се основните и заштитни маски за лице во зима:
За сува кожа – измешајте еднакви пропорции кисело млеко, пресно млеко и павлака, измешајте добро и потоа нанесете ја смесата на лицето. Оставете да делува 15 минути после што се измива со млака вода.
За мрсна кожа – Неколку жолчи од јајце добро измешајте ги и нанесете ги на лицето најмалку 30 минути. Измијте со млака вода. Оваа маска прекрасно ја освежува кожата, ги стега порите и штити од студ и ветер.
За комбинирана кожа – потребни ви се еднакви количини пире од банана и павлака. Нанесете ја маската за околу 30 минути, после што се одмива со млака вода. Оставете го лицето да се исуши без да употребувате крпа.
