Art & Crafts

Заштедете со правилна употреба и одржување на фрижидерот

Фрижидерот и ледникот се апарати кои постојано се вклучени, но со нивна правилна употреба може да се заштеди електрична енергија.

Местење на температурата

Термостатот во фрижидерот би требало да се намести да лади толку  колку  е потребно и не претерувајте бидејќи секој на пониска температура повлекува поголема потрошувачка на електрична енергија. Пет степени Целзиусови е оптимална температура која треба да се одржува во фрижидерот, а во колку фрижидерот е многу полн може ќе треба додатно да го наместете.

Оставање на храната

Во фрижидерот не би требало да ставате топли јадења и непокриени садови, бидејќи течноста испарува, се забрзува создавање лед на испарувачот и се зголемува потрошувачката на струја.

Затворање на вратата

Вратата на фрижидерот треба добро да биде затворена за да не навлегува топол воздух, а ни влага. Така се создаваат наслаги од лед, и затоа треба што пократко и што поретко да се отвора вратата од фрижидерот.

Одржување

Фрижидерот и ледникот е неопходно да се чисти од внатре и од надвор. Редовно треба да се отстрануваат наслагите  лед од испарувачот, бидејќи тие послабо ладат и трошат повеќе електрична енергија. Знак дека треба да се отстранат наслагите од лед е нивната дебелина од пет милиметри. Исто така треба да се отстранува прашината и другата нечистотија од задната страна на фрижидерот и ледникот, од кондензаторот за да може воздухот да ја отстранува топлината од површината на кондензаторските цевки.

Правилно пакување на продуктите

Пред да се стават продуктите во фрижидерот потребно е цврсто да се спакуваат во алуминиумска, пластична или пластично кесе и да се истисне воздухот од нив, бидејќи тој го спречува брзото замрзнување на продуктите. Означете ги продуктите.

Брзо замрзнување на продуктите

Кога ги ставате продуктите во ледникот, потребно е да се изврши брзо замрзнување за да се сочува нивниот квалитет.

Место каде треба да се постави фрижидерот или замрзнувачот

Фрижидерот или ледникот се поставуваат подалеку од изворот на топлина, од електричен шпорет, печка или радијатор. Топлината им ја отежнува работата, бидејќи воздухот кој струи околу кондензаторските цевки треба да ги лади цевките  и да ја отстранува топлината од нив. Во колку не можете да го оддалечете фрижидерот од изворот на топлина, потребно е меѓу нив да поставете преграда од дрвена табла, стиропор или сличен изолациски  материјал.

 

Write A Comment