ШоуБиз

Нема прстен на раката на Џесика Бил!

Ова беше прво појавување во јавност на Џесика Бил откако наводно таа и Џастин Тимберлејк се свршиле за Божиќ и тој ѝ подарил прстен. Сепак, дури иако оваа вест е вистинита, на раката на Џесика немало никаква трага од прстен, кога вчера се појавила на црвениот тепих.

На забавата во Лос Анџелес пристигнала сама и била прилично расположена и весела. Единствениот накит кој го носела за време на настанот биле две бразлетни околу раката.

Иако немаме официјална потврда од Џастин и Џесика, неговата баба потврдила дека двојката веќе прави заеднички планови и дека се свршени.

Останува да видиме што ќе се случува понатаму, дали Џеси ќе се осмели да прошета со прстенот во јавност, секако, ако постои такво нешто!

Write A Comment