ШоуБиз

Пинк среќна како никогаш досега – причина?

Ооо каков сладок бакнеж!

Пинк во последно време одвојува доста од себе и кариерата за да ѝ се посвети на својата 3-месечна ќеркичка Вилоу. Неодамна се забележани насекаде низ улиците Лос Анџелес, а потоа и како уживаат на плажата. Деновиве, својата прошетка ја продолжиле низ Менхетен.

Папараците ги фатиле како цело време си играат и се бакнуваат, додека сопругот Кери Харт спокојно си правел нова фризура. Подоцна и тројцата се шетале туркајќи ја пред себе количката со Вилоу.

Пинк вели дека раѓањето на ќерката уште повеќе ги зближило со сопругот.

–   Знаев уште кога го сретнав дека ќе биде добар татко, но гледајќи го како се заљубува во неа, како ја негува, уште повеќе го засакав. Сеуште ми се заблагодарува што му ја подарив Вилоу во животот. Поминувам низ навистина прекрасни моменти, – изјавува Пинк за американските медиуми.

 

Write A Comment