ШоуБиз

Три Златни глобуси за „Уметникот“!

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 69-тото доделување на наградите „Златен Глобус“

За најдобар филм е прогласено остварувањето „Потомци“ во категоријата драма, а во категоријата мјузикл или комедија, наградата му припадна на филмот „Уметник“.

Џорџ Клуни ја зеде наградата за најдобра главна улога во „Потомци“, а Мерил Стрип за главна женска улога во “Железната дама“. Истите признанија, но во категоријата комедија/мјузикл го добија Жан Дужарден („Уметник“) и Мишел Вилијамс („Мојата недела со Мерлин“).

За најдобар режисер е проглсен Мартин Скорсезе и тоа за филмот „Хуго“. Најдобар странски филм е иранската приказна за развод „A separation“, кој победи во конкуренција на филмот на Анџелина Џоли.

„Уметник“ освои награда за филмска музика, а „Тинтин“ за најдобар анимиран филм.

Во телевизиска конкуренција, најдобра серија е „Homeland“ (драма) и „Модерно семејство“ (комедија). За најдобри актери се прогласени Келси Гремер („Шеф“) и Клер Дејнс („Homeland“), односно Лора Дерн („Просветлени“) и Мет ЛеБлон („Епизоди“).

Write A Comment