Миранда Кер и Орландо Блум максимално уживаат во убавините на Париз. Со славниот пар е и нивниот син Флин, со кој тие го поминуваат секој слободен момент. Додека мама беше преокупирана со шопинг низ познатите француски бутици, за малиот Флин се грижеше Орландо, кој е прекрасен татко, според зборовите на Миранда.

Веднаш по шопингот, задоволна и со кеси во двете раце, Миранда им се придружила на своите омилени мажи и заедно продолжиле за се шетаат низ градот.

Згодниот ангел на „Victoria’s Secret“, веднаш по пораѓањето со брзината на светлината се врати во форма и на модните писти, на што верувам ѝ завидуваат илјадници жени во светот. Миранда вели дека за сето е заслужна здравата исхрана и часовите по јога.

