Двете убавици, Ријана и Шерил Кол планираат оваа недела да снимат дует, пишува британската штампа.
Ријана и Кол треба да се сретнат во Лос Анџелес, со цел да отидат во планираното студио и да ја снимат заедничката песна. Дуетот ќе биде вистинска „химна за журка“ и пејачките го планирале овој потег веќе подолго време. За жал, некој период никако не можеле да ги усогласат работните обврски и да се најдат било каде на планетава.
Кол моментално ги снима песните за својот најнов албум, на кој треба да се најдат и дуетите со Еминем и Ники Минаж.
Сите сме во исчекување!
