За 2012 година претстојат многу табу теми и спектакуларни предвидувања. Едно од нив е она, за крајот на светот, за кое некогашните цивилизации на Инките, Маите, Ацтеките правеле пресметки и концизни истражувања. Досегашните искуства покажале дека се работи за култури достојни за почит и култури со богати и значајни факти. Како интересна култура, нам ни го одвлече вниманието, културата на Ацтеките и успеавме да дојдеме до пределот во кој тие пред многу години живееле.
Лас Позас ( Базен) е џунглата во Мексико која благодарение на она што има да Ви го понуди…ќе Ви одземе и голем дел од Вашето време. Оваа џунгла често пати била мета на многу поети, научници и туристи, кои во секој нејзин дел успевале да откријат стара приказна, како предвесник на денешнината. Џунглата изобилува со скулптури, древни објекти кои индивидуално Ви пренесуваат еден поинаков облик на мистика, која гарантирано ќе Ве принуди да истражувате и понатаму…Како добар домаќин отворено ќе Ви ги пренесе тајните на древните Ацтеки…Ваше е да ја посетите…

























