Убавина

Дали знаете како настанале кармините?

Црвени, розови, бордо… кармините ги има во сите бои, а благодарение на маркетиншките идеи, и во сите облици, но дали некогаш сте се запрашале кога девојките за првпат почнале со нив да се разубавуваат? Историјатот за кармините започнува пред повеќе од 5000 години кога жените ги толчеле бесценетите камења кои ги ставале на усните за да им светкаат.

Стариот свет

Во стариот Египет жените со посебна техника боја за усните ги добивале од јодот, но тоа со постојано користење станувало опасно и доведувало до болест, па одтука се влечат корените на терминот „ бакнеж на смртта“. Наводно Клеопатра своите усни, кои освоиле и некои од најважните војсководачи во историјата, ги украсувала со црвило кое се состоело од сомелени инсекти и јајца од мравки кои давале црвена боја. Освен инсектите во смесата за сјај се додавале и рибини крлушки за да светкаат.

16. век

Во текот на овој век карминот во Велика Британија го направила популарен кралицата Елизабета која со него го истакнувала својот блед тен. Сепак, тоа не траело долго бидејќи во 1653 година свештеникот Tomas Hel го основал движењето кое шминкањето го нарекло „дело на ѓаволот“.

20 век

Иако во 18. век не било популарно да се става шминка, бледата кожа била карактеристична за дамите, а сончаната кожа карактеристична за жените кои работеле в поле, со почетокот на 20. век  работите се менуваат, и во 30 – тите шминкањето доживува мала револуција. Hazel Bišop ја пронаоѓа вистинската формула за постојаност на карминот и во производството почнале да се користат разни восоци, пигменти и масла. Сличната формула се одржала до денеска, а тоа со што вие девојки се црвите, најчесто содржи витамин Е, хидратанрни средства, масло од какао, крем за сончање и колаген.

Write A Comment