Мода

Balenciaga – тренди чанти за модни сладокусци

Balenciaga, сам по себе, стана задолжително парче во животот на секоја жена. Особено култната линија Motorcycle која стана репер за жешки и строги линии на асесоари. Со оглед на фактот дека споменатава линија станува комерцијална „обврска“ за секоја сезона, Ви ги претставуваме трендовите за претстојната Пролет 2012, кои веќе будат воздишки на париските модни писти. Концептуалните чанти, ги карактеризира ултра минималистички дизајн, колор блок комбинација и  коцкасти облици со неколку непредвидливи детаљи кои ја визуелизираат работата на Николас Гескјер…

Колекцијата ветува многу…

Погледнете како може да биде изведена вечната женска пасија – чантата…

Истовремено, бидете во тренд оваа Пролет.

Write A Comment