ШоуБиз

Кејт Винслет и дечкото се облекуваат по договор :)

Експертите тврдат дека со текот на годините, и двајцата во една врска почнуваат да си наликуваат еден на друг и да ги восприемаат навиките на другата страна.

Покрај фактот што Кејт Винслет (36) и дечкото Нед Рокенрол (33) се заедно само неколку месеци, по сè изгледа дека тие веќе почнале да се копираат еден со друг. Двајцата биле забележани на аеродромот во Лос Анџелес и биле облечени со скоро идентични комбинации.

И двајата со сиви палта, црни маички и темни фармерки. Дури и очилата за сонце никако не ги ваделе додека задоволни и гушнати позирале пред фотографите. Според изјавите на Кејт, таа е пресреќна со новиот дечко и од него ја има целата потребана поддршка во тоа што го работи.

Write A Comment