Кралицата на Бурлеската, Дита фон Тијз ја представува својата најнова колекција долна облека која ќе се појави за прв пат на пазарот на 8-ми фебруари во Австралија. Проткаена со ужасно многу сексапил оваа колекција сигурно ќе биде дел од редовниот шопинг на секој винтиџ фен. Колекцијата е одраз на личниот стил и вкус на Дита, во кој се забележува добро познатиот пин ап потпис од 50-те.






