Prison brake

Дали знаевте дека тој е виновен за смртта на една четвртина од 7 милиони жители на таа земја?

Кои се најпознатите диктатори на сите времиња?

Пол Пот

Во текот на четири години владеење на Пол Пот во Камбоџа, во убиствата, тортура, изгладнување, болест умреа речиси една четвртина од седум милиони жители на таа земја. Тој ја доби власта на 17 април 1975 година и како Премиер пред  Црвените Кмери нареди враќање на земјоделското општество, а со тоа го истисна населението од градовите.

Жителите од градовите и интелектуалците беа принудени да вршат присилна работа во затворите како што се озлогласениот Туол Сленг, каде што луѓето беа класифицирани и заспивани пред да бидат испратени во “полињата на смртта”. Виетнамската војска на 25 декември 1978 година ја нападна Камбоџа и покрај противењето на Кина и САД и го зеде главниот град Пном Пен, а го натера Пол Пот на бегство. И покрај тоа Пол Пот ги предводеше Црвените Кмери се до 1997 година, кога неговите следбеници се откажаа од него и му одредија домашен притвор. Тој почина на 15 април 1998 година.

Write A Comment