Пред 15 години, Витни Хјустон го сними својот последен филм со наслов „The Preacher’s Wife“ и тогаш почнаа нејзините проблеми со дрогата. Иако проба да се врати на сцена со албумот „I Look To You“, од некогашниот глас немаше останато многу, а турнејата нагло ја прекина поради „здравствени проблеми“.
Сепак, по повеќемесечно лекување Витни се враќа во филмот на режисерот Сејлим Акила, наречен „Sparkle“, кој е всушност римејк на истоимената драма од 1976 година. Филмот е инспириран од групата „The Supremes“ во која пееше Дајана Рос.
Хјустон ќе ја глуми незаинтересираната мајка на една девојка која се обидува да ги оствари своите музички сништа. Снимањето е веќе почнато, а Витни засега одлично се снаоѓа со улогата.
Филмот „Телохранител“ од пред 20 години на Витни и донесе планетарна слава и како пејачка и како актерка, па да видиме дали овој камбек ќе биде така успешен како тогаш.
