Според написите во американските списанија, Џенифер Анистон одлучила да се повлече од светот на актерството. Тоа дополнително ги зачини гласините дека Анистон набрзо ќе стане мајка. Според „Дејли Мејл“, Џен ќе престане да глуми штом заврши со промоцијата на филмот во кој глуми заедно со својот дечко.
На своите агенти им кажала дека ѝ е потребна пауза и дека сака да се сконцентрира на себе и на мајчинството. Исто така, Џен планира да ѝ се посвети на својата модна линија, па затоа е потребно повеќе време да поминува дома, отколку на терен.
