Sweet Home

Соба за вашата принцеза

Барате свеж дизајн, но сепак софистициран стил, за уредување на собата на Вашето девојче? Ви нудиме  решенија со различни изгледи и Ве убедуваме дека во некој ќе се пронајдете.

Годините кои сите ги бараме, се години кога тие сакаат приватност. И не само тоа… На некој начин постои „натпревар“ меѓу другарките во врска со тоа мало катче, кое од просторија со барбики и розови завеси, треба да стане соба во која Вашата тинејџерка ќе учи, ќе ги има првите љубовни мисли и ќе си создава своја заштита.

Сето тоа бара елементи, кои соодветно ќе ја вршат истата улога…Не заборавајте и дека Вашето девојче станува девојка која ќе минува време пред огледало, и тоа се почесто…Обезбедете рационален и организиран простор на Вашата „принцеза“…Ќе Ви биде благодарна !

Write A Comment