Art & Crafts

Како до секси спална соба

Посакувате да создаде сензуална и заводлива атмосфера во вашата спална соба? Пред ас се неколку совети како да создадете романтична спална соба.

Спалната соба треба да „довикува„

Изберете удобен кревет и мека свиленкаста постелнина. Користете слоевити текстури како што се перници од сомот или сатенски перници. А за да го акцентирате креветот набавете лажно крзно и истакнете го видливиот дел на креветот.

Додадете гламур

Додадете сјајни романтични детали како на пример стаклени лампи или огледало.

Тргнете ги непотребните детали

Големите украси и декорации го одземаат вниманието, тие не припаѓаат во спалната соба. Префрлете ги во дневната.

Одберете соодветно осветлување

Осветлувањето треба да биде меко и филтрирано, затоа што јакото светло може да го сврти вниманието кон други нешта. Можете да користите осветлување во боја за да создадете подобро расположение, како на пример розева сијалица за да добиете розев сјај на спалната соба.

Музика

Направете катче во спалната соба во која ќе сместите малиот музички плеер. Така секогаш ќе го имате прирака, бидејќи романтичната музика е најдобар начин да го подигнете расположението. Телевизорот нека не биде декор на спалната соба, причината е едноствна го одвлекува вниманието од моментот.

Не го заборавајте мирисот

Кога успеавте да ги подмирите, погледот, звукот и допирот, сега е време за мирисот. Додадете мирисна нота на спалната соба, со некој заводлив мирис кој Вам ви е омилен.

Write A Comment