Пилингот е неопходен за мека и нежна кожа. Но, што доколку имате чувствителна кожа? Тогаш треба да бидете многу внимателни при изборот на пилингот.
Наједноставно е да направите самите пилинг со бадеми и мед.
Потребни состојки:
– една голема лажица бадеми – мелени
– една мала лажица мед
– малку маслиново масло
– 5 капки етерично масло од лаванда
Убаво измешајте ги состојките и смесата ставете ја на лицето. Со нежни кружни движења измасирајте го лицето, вратот и деколтето. Потоа зимијте се со млака вода.
