Сите четири се прославија со улогите во една серија, а потоа станаа идоли на огромен број девојки ширум светот. Особено се познати како модни икони и секогаш со добар стил. Сепак, една од нив е моментално ќелава!
Синтија Никсон која ја глумеше Миранда во мега популарната серија „Сексот и градот“ се ишишала ќелаво и така се појавила во едно американско шоу. Оваа трансформација ја направила од причина што ѝ била потребна за најновата улога на Вивијан Беринг која боледувала од рак.
– Мислев дека ова ќе биде полесно за одржување, но морам секој ден да ја бричам главата! Ова е неверојатно, – изјавила Синтија.
Таа спаѓа во онаа класа на актери кои комплетно би го промениле својот надворешен изглед за потребите на своите улоги.

