Парис Хилтон, како и вообичаено, била излезена на журка и тоа доцна во ноќта и во еден момент забележала дека ѝ го нема мобилниот телефон. Таа веднаш почнала да паничи од страв дека нејзините лични фотки ќе се најдат на интернет и ќе бидат злоупотребени.
Парис била дојдена на музичкиот фестивал наречен „Сончев танц“ заедно со својот помал брат Барон и со неговата девојка, со приватен џет авион.
– Најпрво беше најден еден телефон со порно слики, но тоа не беше телефонот на Парис. Малку подоцна, најдовме уште еден телефон со празна батерија, кој ѝ беше предаден на Парис 24 часа подоцна, – изјавил еден извор од клубот во Њујорк.
За среќа, додека го немала телефонот, Парис не правела сцени и мирно чекала да си го врати мобилниот назад.
