Најубава декорација за секоја свадба секако се цвеќињата, кои најчесто се во една или две бои и се во склоп на целиот амбиент на самата свадба.
Зелената боја е една од најкористените бои за украсување на свадбените церемонии, затоа што зрачи со елеганција, свежина и природност и има позитивно влијание врз самата атмосфера. Зелената боја е симбол на оптимизам, здравје, обнова и среќа. Изберете зелена боја доколку сакате софистицирана свадба, особено доколку правите свадба во пролет или лето на отворен простор.
Изберете централни букети каде ќе доминира зелената боја, но може да вклучите и цветчиња во некоја друга боја или пак неколку нијанси на зелено кои ќе ги направат централните буќети навистина интересни. Изберете гладиоли, зелени рози, секаков вид на трева, гранки, винови лози, па дури и бонсаи дрвца или пак растенија во саксија. Исто така интересен избор се и централните украси направени од овошје, како бело грозје, зелени јаболка и други видови на овошје дополнети со растенија. Еве ви неколку идеи како да изгледаат централните букети на вашата свадба:











