ШоуБиз

Почина ѕвездата Џејмс од „Династија“!

Познатиот актер Џејмс Фарентино починал во вторникот во болницата „Cedars-Sinai“ во Лос Анџелес. 73-годишниот Џејмс се прослави со улогите во сериите „Династија“ и „Melrose Place“. Починал од последниот срцев удар, а веста ја потврдил неговиот портпарол Боб Палмер.

Освен во серии, Џејмс има глумено и во играни филмови од типот на “Конечно одбројување“ заедно со Мартин Шин и Кирк Даглас. За време на својот животен век, има глумено околу 100-тина улоги, а улогата во комедијата „The Pad and How to Use It“му донела номинација за „Златен глобус“ за дебитант на годината. Џејмс беше дел и од „Итна служба“ каде го глумеше таткото на Џорџ Клуни.

Освен актерството, Џорџ имал и доста бурен приватен живот. Бил женет четири пати, а татко е на два сина.

Write A Comment