Мода

Alexander McQueen – романтика на Викторијански начин

McQueen секогаш внесува ексцентричен и нагласен моден дух. Дури и во најновата колекција, каде што преферира романтични искри и нагласена женственост. Овој пат негово модно искушение е Британската историја, Викторијанските „ пополнети “ фустани и високите декорации на претходните векови. Типичната силуета од ’50те која е апсолутен хит е повторно инспирација за неодоливите форми на McQueen и тоа како новина на есенската колекција за 2012 година. Играта на возбудливите тоалети на McQueen и овој пат не стивнува. Од вечерни тоалети за самоуверените дами, до дополнителна сатисфакција за моќните кокети, се до уникатен избор за деловните жени, Ви предлагаме совршен спој на високата мода со Викторијанската традиција.

Write A Comment