На секој од нас од време на време му е потребна пауза како би го нашле патот до себе и како би ја обновиле енергијата.
Прочитајте ги нашите совети и тргнете на пат кон себе:
Да тргнеме на отворено
Против умор најдобро е да излезете на отворено, да пропешачите, да вдишите воздух и да ги пуштите мислите да се одморат од она што постојано ве мачи. Доколку немате време, само застанете на прозор и неколку минути дишете свеж воздух, така ќе го разбистрите умот.
Купка за стапала
Не може ни да замислите колку може да ве освежи една купка за стапала. Само млака вода и неколку капки етерично масло ќе ја обноват енергијата. По купката направете кратка масажа на стапалата, неверојатно е колку уморните стапала се рефлектираат на целата наша енергија.
Време за чај
Една шолја топол чај ќе ве опушти. Пијте го чајот и уживајте во вкусот, камилица, зелен чај или мајчина душичка се идеални за будење на сите сетила.
Сонувајте…
Легнете удобно во креветот. Кренете ги нозете нагоре и пуштете релаксирачки звуци на бранови, птици, или музика која опушта. Затворете ги очите и запловете во некој друг свет.
Витаминска бомба
Подгответе си овошна салата од банана, јаболка, киви и зачинете ја со јаворов сируп. Витамините ќе ви дадат енергија.
