Британските аналитичари постигнаа изненадувачко откритие кога станува збор за цените на популарните дестинации во светот.
Типичните потрошни материјали за патувањето, како што се пијалоците и кремите за сончање на шпанскиот Коста Де Сол чиниат помалку од 45 евра, што го прави второа најевтина дестинација во светот.

Ако имате чувство за авантура, со малку пари можете да добиете многу време во Шри Ланка, каде што таквите производи чинат помалку од 33 евра, што го прави најевтино место во светот веќе две последователни години.
Една студија спроведена од страна на „Post Office Travel Money“ покажа дека за потребните работи за одмор на Барбадос потребни се 136 евра и 140 евра во австралискиот град Бризбејн. Овие се најскапите места од 40 проучувани дестинации.
Во студијата се вклучени трошоци за осум ставки – шолја кафе во еден бар, шише локално пиво, Кока Кола лименки, крема за сончање, 1.5 литри минерална вода во супермаркет, спреј против инсекти, цигари и целосен оброк за двајца луѓе, вклучувајќи едно шише вино.

Други ефтини дестинации се Прага, каде што овие осум ставки чинат 47 евра, во Бугарија 48 евра, Канкун и Мексико 53 евра и Будимпешта 55 евра. За разлика од овие градови, во Сингапур овие трошоци чинат 137 евра, 130 евра во Оукланд и исто толку во Коста Рика.
Се очекува дека Мексико ќе ги зголеми цените на сите all-inclusive хотелски услуги од јуни оваа година.
Турција, која некогаш беше едена од најевтините европски дестинации, сега е 60% поскапа од Шпанија!
Италија е најскапото место со 107 евра потребни за сите осум ставки.

